ЕВЕ КАКО И ЗОШТО СЕ ИЗГУБИЛА МИЛИЦА: Преноќила на плажа, сега е дома со семејството

Шеесет и девет годишната Милица Гелова, за која македонската јавност се крена на нозе, откако нејзиното семејство објави дека се изгубила во Грција, на пат кон Лефкада, безбедно пристигнала дома.

Според нејзиното семејство, утринава, на пат кон Македонија, во автобус, еден од патниците и испратил слика на роднината чии апели се споделуваа на социјалните мрежи, по што констатирале дека е Милица.

Инаку, кога пристигнала дома, на семејството им раскажала дека додека патувала од Агростоли до Фискардо, со автобус, на патот имало застој, и затоа го пропуштила бродот, на кој требала да се качи во 11.30 часот за да стаса до  Василики на Лефкада, каде ја чекал роднина.

Детали читајте на Фактор тука.