ЕВЕ ШТО ЌЕ ВИ СЕ СЛУЧИ АКО ЈАДЕТЕ ПИПЕРКИ КАКО ОНИЕ ШТО ГИ ВРАТИ ХРВАТСКА: Доктор Беќаровски со анализа
Агенцијата за храна и ветеринарство преку соопштение ги информираше медиумите дека завчера, преку апликацијата RASFF Window од Системот за предупредување за небезбедна храна на Европската унија (RASFF) добила нотификација за небезбеден производ од категоријата овошје и зеленчук извезен од нашава земја - свежи пиперки наменети за пазарот во Хрватска.
При спроведена гранична контрола земениот примерок за лабораториска анализа покажал отстапување во однос на присуство на резидуи од пестициди. Имено, добиениот резултат покажал присуство на остатоци од пестицидот форметанат и вредност која претставува сериозен ризик по здравјето на луѓето.
По тој повод, се огласи доктор Нико Беќаровски, еден од најпознатите токсиколози во земјава.
„Вратените „отровни“ пиперки
Formetanate hydrochloride, попознат како Carѕol 50, Dicarsol 10 итн е инсектицид од групата на карбамати кој се уште регуларно се користи во голем број на држави и кој при акутни труења (намерно пиење, или акцидентно при прскање) предизвикува иреверзибилна инхибиција на еритроцитната холинестераза.
Детали на Фактор тука.