Еве што никогаш не смее да јаде Кејт Мидлтон: Морбидното мени на кралското семејство ги шокираше сите

Добивај вести на Viber


Сите беа зачудени од тоа какви правила имаат.

Членовите на британското кралско семејство мора да се придржуваат до низа правила и традиционални протоколи, а неодамна беа откриени и некои интересни забрани во нивната исхрана.

Според поранешниот кралски готвач Греам Њуболд, во документарниот филм „Secrets of the Royal Kitchen“ постои забрана за послужување храна со остри рабови на членовите на кралското семејство.

- Членовите на кралското семејство никогаш не јадат квадратни сендвичи бидејќи традицијата вели дека секој што им дава храна со зашилени рабови се обидува да го собори британскиот трон – објаснува Њуболд, кој работел во Бакингемските и Кенсингтонските палати. Да потсетиме дека покојната кралица Елизабета сакаше кружни сендвичи за попладневен чај.

Освен квадратните сендвичи, од кралската исхрана е исклучен и лукот. Според готвачот Џон Хигс, „лукот е забранет поради металоиди и подригнување“, а кралицата Камила ја потврди оваа забрана во интервју за австралискиот „MasterChef“:

- Тоа е точно. Го избегнуваме лукот.

Исто така, на членовите на кралското семејство им е забрането да консумираат школки поради ризик од труење со храна.

Поранешниот батлер на кралот Чарлс, Грант Харолд, објаснува:

- За време на ручекот, кралското семејство мора да внимава со школки поради можно труење. Многу разумен потег е да се избегнува морска храна при вршење јавни должности. Не би било добро член на кралското семејство да има сериозна реакција на труење со храна, особено ако е на странска турнеја.

Исто така, кралот Чарлс забранил паштета од сите менија во кралските резиденции поради неетичкиот начин на производство на овој специјалитет.

Фото:Инстаграм