ЕВН Македонија спроведе акција за новогодишни донации низ целата територија на државата
ЕВН Македонија обезбеди 300 пакети со хранливи производи за социјално ранливите категории на граѓани и 650 Новогодишни пакетчиња за деца на семејства во социјален ризик и деца со попреченост низ Македонија.
Пакетите за деца беа донирани до Црвениот крст на Република Северна Македонија, додека пакетите со храна ЕВН ги донираше до Македонската православна црква (МПЦ), Исламската верска заедница (ИВЗ) и Католичката црква. Преку хуманитарните организации, „Свети Спас“, „Каритас“, „Хилал“„ и Црвениот крст истите ќе бидат распоредени низ целата држава.
Годинава поради ситуацијата со корона вирусот, нема да се подготват празнични јадења во народната кујна „Св. Апостоли Петар и Павле“ на Македонската православна црква во населбата Ѓорче Петров во Скопје. Наместо тоа, ќе се достават пакетчиња со храна до граѓаните кои се во тешка здравствена состојба или пак живееат во далечните рурални средини во парохиите.
Хуманитарните организации на Исламската верска заедница (ИВЗ) „Хилал“ и на Католичката црква „Каритас“, исто така ќе ги распределат пакетите со прехрамбените продукти до ранливите семејства.
Црвениот крст на Република Северна Македонија ќе ги достави 650те новогодишни пакетчиња до деца на семејства во социјален ризик и деца со попреченост од сите градови на Македонија.
ЕВН Македонија како општествено одговорна компанија има долгогодишна традиција на донации за време на Новогодишните празници, а за реализација на оваа цел има тесна соработка со верските заедници и хуманитарните организации на земјата.