Еволуцијата на менталниот склоп е клучна за дигитализацијата во бизнисот и општеството

Добивај вести на Viber

Во организација на телекомуникациската компанија Вип, денеска се одржа втората годишна конференција „Жената во дигиталната ера“ („Women in Digital vol.2“).

Под темата „Дигитална трансформација: Техничка револуција или еволуција на менталниот склоп“ (“Digital transformation: Technical revolution or mindset evolution“), успешни и влијателни претставнички од различни општествени сегменти имаа можност одблиску да ги чујат мислењата на врвни експерти и познавачи од областа за едно од круцијалните прашања во процесот на дигиталната трансформација – неопходната еволуција на менталниот склоп на оние кои се дел од неа.

“Ми претставува особено задоволство што и оваа година конференцијата ‘Жените во дигиталната ера’ го привлече вниманието на јавноста. Денес дискутираме за едно многу важно прашање за успешноста на целокупниот процес на дигитализацијата, а тоа е човечкиот фактор и неговата способност за промена и еволуција на менталниот склоп кон дигиталното време во кое живееме. Вип посветено и континуирано работи на воведување на нови информатичко-комуникациски технологии и нови начини на работење со кои на корисниците ќе им обезбеди супериорно корисничко искуство, поедноставни, побрзи и персонализирани решенија кои одговараат на нивните потреби. Како дел од А1 Групацијата, уверени сме дека го имаме неопходното знаење и капацитет да создаваме дигитални решенија достапни за сите, а кои ќе овозможат непречен влез во дигиталната ера за сите наши корисници“ -  истакна во своето воведно обраќање извршниот директор на Вип, Мислав Галер.


Да се биде дел од дигиталниот свет, неопходна е средина која обезбедува можности за понатамошен развој, ресурси и технички можности за дигиталното општество континуирано да расте и напредува. Во оваа насока, на настанот се обрати и Министерот за Информатичко општество и администрација во Владата на Република Северна Македонија, Дамјан Манчевски кој истакна:

Обезбедувањето на соодветната инфраструктура, зголемувањето на капацитетите за развој на технолошки напредни решенија и дигитализација на процесите се само дел од заложбите на Владата во насока на понатамошен развој на дигиталното општество. Наш главен приоритет во иднина останува развојот и промоцијата на информатичкото општество, а во тој контекст е и Подготовка на Национален оперативен план за развој на брзи и супер брзи електронски комуникациски мрежи во Република Македонија, со чијашто реализација се надеваме дека за 10 години од сега, ќе бидеме предводник во регионот. “

Освен постоењето на соодветната инфраструктура и технологијата како особено значајни параметри во процесот на дигиталната трансформација,  на другата страна на равенството се наоѓа и човечкиот фактор и начинот на кој луѓето им пристапуваат на бизнис предизвиците и како тие доаѓаат до соодветните решенија.

„Целоснапосветеност кон исполнување на носечката порака на нашиот бренд - го обликуваме искуството кое ВИЕ сакате да го живеете, како и ставање на корисничките потреби во центарот на вниманието во целокупното деловно работење, е тоа што ја прави А1 Телеком Австрија Групацијата една од водечките конвергентни оператори во ЦИЕ и двигател на дигиталната трансформација. Корисниците сè повеќе се дигитализираатпа ако сакаме да бидеме поблиску до нив, неопходно е да се трансформираме. Постојано мораме да ги прошируваме нашите технички способности и да бидеме иновативни, но што е најважно, мораме да го подготвиме нашиот тим за дигиталната ера. Токму тоа е нашата формула за успешна дигитална трансформација.“, истакна Ева Зетнер, Директорка на човечки ресурси на A1 групацијата.

Во рамки на конференцијата се одржа и панел-дискусија на која своите ставови на темата ги изложија истакнати успешни жени од бизнисот и академската заедница. На ова тема говореа: Проф. Др. Ана Мадевска Богданова, редовен професор на ФИНКИ, УКИМ; Нина Ангеловска, Претседател на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија и Извршен директор и ко-основач на Групер; Љупка Ѓоргиевска, Директорка на Сектор за развој на понуда и маркетинг во НЛБ Банка АД Скопје и Христина Џамбазовска Анастасов, Директорка на сектор за управување со деловни операции во Кроација Осигурување Живот

Во контекст на темата и развојот на технологијата на иднината, беше организирана и презентација на проектите од областа на напредни дигитални технологии подготвени од страна на студентите и академскиот кадар на ФИНКИ, каде присутните имаа можност одблиску да се запознаат со решенијата развиени од страна на младите умови.