Европа ја очекува топлотен бран: Дел од неа поплавен
Во наредните денови во Европа се очекуваат рекордно високи температури. Меѓу најпогодените ќе бидат Франција и Германија. Додека поројните дождови се очекуваат во Србија, Романија и Унгарија.
Над 30-тиот степен целзиусов, беа вчерашните температури на воздухот во Франција. Овие степени се почетокот на топлотниот бран во земјата, предупредуваат метеоролозите. Следните неколку дена се очекуваат температури до 47 степен . Најмногу погоден ќе биде северниот дел на Франција, пренесуваат медиумите од регионот.
Синоптичари велат дека очекуваат исклучителен топлотен бран за месец јуни, во текот на наредните 6-7 дена ќе има температури кои никогаш порано не биле забележани во шестиот месец од годината.
Дури и во текот на ноќта се очекуваат температури над 20 степен.
Целосна временска анализа на Фактор.мк