ФАКТОР ДОЗНАВА: За Папата Франциск кој доаѓа во мај се прави посебна столица, ќе седи на плоштад

Добивај вести на Viber

Во посебна церемонија која веќе се подготвува, Македонија ќе го пречека Папата на Римокатоличката црква Франциск. Тој во земјава доаѓа на 7 мај, а негов домаќин ќе биде претседателот Ѓорѓе Иванов без оглед што во земјава за претходно се закажани и претседателските избори.

 Од Католичката црква од Скопје за Фактор велат дека овие денови ја очекуваат програмата на Папата Франциск и дека ќе има голем број на верници кои ќе присуствуваат на молитвената литургија.

Свечената литургија е врвот на една посета на Папата, кој секогаш носи порака на мир во земјите кои ги посетува. Ние очекуваме голем број на верници од земјата и од странство. Имаме голем број на јавувања и верниците ќе допатуваат во Македонија организирано од сите страни, најмногу со автобуски превоз. Останува да ја разгледаме програмата, која ни ја испраќа Ватикан, а ние треба да помогнеме во реализацијата - изјавија за „Фактор“ од Католичката црква во Македонија.

Целиот текст го имате на ФАКТОР.МК