Фаталната Ирина Шајк: Сите нејзини мажи на кои им го скрши срцето

Добивај вести на Viber

Ирина Шајк е во врска со раперот Кание Вест, пренесуваат светските медиуми, а пред него беше во среќна врска со Вит Шнабел, актерот Бредли Купер, со кого доби ќерка и еден од најуспешните фудбалери на денешницата, Кристијано Роналдо.

Руската убавица Ирина Шајк (35) неодамна беше фатена на романтично бегство во Франција со Кание Вест (44), а тој е само еден во низата нејзини славни партнери.

Пред раперот, кој моментално минува низ развод со риалити sвездата Ким Кардашијан, таа беше со трговецот со уметности Вит Шнабел (34). Тие беа видени како шетаат низ Њујорк во март минатата година, а Вит е познат како вистински женкар. Тој беше со многу актерки и модели. Една од неговите поранешни девојки е Хајди Клум, со која беше од 2014 до 2017 година. Тој ги сакаше актерките Мадалина Гени и Амбер Херд.

Ирина го сакаше и холивудскиот актер Бредли Купер (46) и многумина беа изненадени од нивната разделба. Ирина и Бредли започнаа да се гледаат во 2015 година, а две години подоцна ја добија ќерката Лео Де Сеина. Манекенката раскина со Купер во јуни 2019 година кога се шушкаше дека тој се гледа со пејачката Лејди Гага, со која го сними филмот „Sвездата е родена“.

Пред Бредли, Шајк го освои и еден од најуспешните фудбалери на денешницата, Кристијано Роналдо (36). Врската ја започнаа во 2010 година откако се запознаа додека снимаа реклама за позната марка и беа заедно пет години пред да објават во септември 2015 година дека раскинале. Потоа кружеа гласини дека манекенката не се согласува со мајката на Кристијано, со која тој е многу близок и се држи до нејзиното мислење.

Шајк е позната по тоа што не зборува за својот љубовен живот, но едно време ја допре својата врска со Бредли затоа што јавноста коментираше колку тие останаа блиски и дека сигурно ќе се смират. Така се чинеше последните месеци кога кружеа гласини за нејзината врска со Вест.

Ирина ја поврзуваа и со модниот дизајнер Рикардо Тиси, со кој беше придружувана на забави неколку пати. Но, италијанскиот дизајнер сака мажи, а веќе некое време кружат гласини дека таа има нешто повеќе од пријателство со раперот Кание Вест.


Извор: дневник.хр

Верувале или не, официјално е: Ирина Шајк и Канје Вест „уловени“ на кратко, но многу романтично патување (ФОТО)