Верувале или не, официјално е: Ирина Шајк и Канје Вест „уловени“ на кратко, но многу романтично патување (ФОТО)
Верувале или не, официјално е - ледената руска убавица и раперот се заљубени еден во друг! Ирина Шајк и Канје Вест „уловени“ на кратко, но многу романтично патување!
Американските папараци не го пропуштија фактот дека вчера ќерката на убавата манекенка и актерот Бредли Купер, Леа де Сен го помина денот со нејзиниот татко, иако сме навикнати мама Ирина Шајк да ја носи на училиште и да шета со неа на Менхетн, па се прашуваа дали е зафатена со некоја работна задача, модна ревија... Но, француските папараци им го дадоа одговорот: таа беше на кратко, но многу романтично патување со своето ново момче Канје Вест!
Според британскиот „Дејли мејл“, раперот и манекенка отпатувале за Прованса по повод 44-от роденден на Канје, каде уживале во луксузниот хотел Вила ла Коста. Тие беа фотографирани како шетаат, зборуваат и се смеат и изгледаат како да им е многу убаво заедно, што е потврдено од неодамнешните извештаи во медиумите дека Ирина Шајк и Канје Вест се гледале тајно веќе некое време.
Франција е омилена дестинација на Канје, тој таму ја однесе и веќе поранешната сопруга Ким Кардашијан штом се заљубија, а тој често останува во Париз сам или со пријатели.
По краткото роденденско патување, Ирина и Канје беа фотографирани како излегуваат од истиот авион, иако одделно, а раперот даде се' од себе да се скрие под широк дуксер со качулка. Кога се врати дома, фоторепортерите ја поздравија манекенката пред нејзиниот дом, па таа го покри лицето со дуксер и влета во станот - пишуваат медиумите од цел свет.
Во меѓувреме за роденденот на Канје, Ким напиша емотивна посвета:- Среќен роденден. Ќе те сакам додека сум жива - напиша Ким споделувајќи фотографии од нивното семејство.
Пред неколку дена беше емитувана епизода од нејзиното семејно реално шоу „Во чекор со Кардашијанс“, во која најпознатата старлета на светот плачеше затоа што нејзиниот брак се распаѓа и рече дека Канје заслужува некој што ќе го поддржува и ќе биде со него како што таа не можела.
извор:GLOSSYфото:PROFIMEDIA