Ќе те сакам додека сум жива: Ким Кардашијан шокира со емотивната роденденска честитка среде развод

Добивај вести на Viber

Риjалити sвездата и славниот рапер се разведуваат, а Ким Кардашијан изгледа дека тешко се справува со тоа.

Иако со месеци се чинеше како разводот на Ким Кардашијан и Канје Вест да оди без препреки, во последно време старлетата не крие дека не ѝ е лесно.

Мајката на четири деца заплака пред камерата бидејќи нејзиниот брак заврши и призна дека се обвинува самата себеси за крајот, а сега реши и јавно да му го честита роденденот на својот веќе поранешен сопруг.

View this post on Instagram

A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian)


Ким најпрво објави фотографија направена во авион на својот Инстаграм профил, каде ги гледаме Канје и неа во среќните денови со нивните три постари деца.

- Среќен роденден. Ќе те сакам додека сум жива - напиша Ким. Потоа сподели неколку фотки на кои го гледаме раперот и неа со семејството и на јавни настани.

Кардашијан на тој начин покажа дека односите меѓу раперот и неа не се толку лоши како што се пишува во медиумите, бидејќи насловите одат дотаму што пишуваат дека Канје и Ким воопшто не комуницираат.

Кардашијан и Канје имаат четири деца: ќерките Норт (7) и Чикаго (3) и синовите Сент (5) и Псалм (1).


извор: GLOSSY
фото:profimedia