Фаталната пејачка за својот роденден замина на луксузна дестинација: Таму не поминува време сама, еве со кого решила да ужива за сите пари
Пејачката се огласи на социјалните мрежи
Пејачката Наташа Беквалац вчера го прослави својот 44-ти роденден.
Беквалац секоја година има традиција роденденската недела да ја прославува со својата сестра Кристина со која оди на патување, а така е и годинава.
Наташа на својот Инстаграм профил објави фотографија од аеродром со нејзината сестра Кристина и нивните ќерки Хана и Петра.
Покрај фотографијата која ја објави, тие објавија и фотографија стара 10 години од 2014 година, а разликата е видлива кај нивните ќерки кои сега се пораснати и многу личат на нивните мајки.
Да потсетиме, Наташа со години организира роденденски патувања на различни светски дестинации, од Тоскана, Монако, Миконос и многу други дестинации. А годинава се одлучила за Ибица, Шпанија.
Фото: Инстаграм