Фауна – Револуционерни аудио очила, од денес и во Македонија
Беспрекорни, дизајнерски аудио-очила, совршени за вашето секојдневие. Овие револуционерни аудио очила ги штитат вашите очи и обезбедуваат живописен звук додека ја слушате вашата омилена музика, аудио книга или пак кога остварувате телефонски повици. Достапни во две верзии – очила за сонце и очила со филтер за сино светло, тие се совршено дизајнирани за надворешни активности и работа пред екран.
Она што ги прави Фауна очилата уникатни од аспект на на аудио технологијата е формирањето на зрак: со звукот кој патува директно до вашето уво без поголемa дисперзија, вие ќе бидете единствените што ќе ја слушате вашата музика, подкаст или телефонски повик - и никој друг околу вас. Од друга страна, додека пешачите, возите велосипед или автомобил, секогаш ќе можете да ја воочите и околината и да слушнете што се случува околу вас бидејќи вашиот ушен канал не е директно затворен.
Фауна очилата во овој момент се достапни во четири дизајни. Леќите на уредот може лесно да се заменат со диоптерски леќи од оптичар, а материјалот што се користи е италијански ацетат, стандард во индустријата за очила и оптимален за приспособување и удобност при носење. Аудио очилата Фауна доаѓаат со футрола за полнење што овозможува повторно полнење на вашите очила додека сте во движење.
Фауна очилата преку опцијата “Bluetooth“ се поврзуваат со вашиот паметен уред без користење одредена апликација. Тие се контролираат со допирање и лизгање на рачките во делот на слепоочницата. Благодарение на нашата патентирана аудио технологија, рачките остануваат тенки и лесни и покрај целата електроника сместена внатре во нив.
Компанијата Фауна ГМБХ е основана во 2019 година со цел да создаде револуциониерно аудио искуство. Како пионери во полето на апликациите за микрозвучници “MEMS”, Фауна e извонредна во поставување на мали, но моќни звучници во аудио уреди и создавање на најдобар звук во својата класа.
Компанијата креатоар на технологијата имплементирана во Фауна аудио очилата е “USound” B2B компанија која го базира знаењето на долгогодишно истражување и тестирање.
Oд 2014 година па наваму оваа компанија се стреми кон усовршување и надградување на аудио технологијата.
ПР објава