Животна училница // Приказни
Филипче: Директорката на клиниката за кожни болести заразена со коронавирус
- 09 Март, 2020
Доцна синоќа на клиниката за инфективни е дијагностициран уште еден позитивен случај на корона вирусот.
Се работи директорка на клиниката за кожни болести која моментно се сместува на Инфективната клиника.
Нејзината состојба е стабилна има лесна клиничка форма, кажа министерот Филипче.
Директорка на клиниката за кожни болести, била во Италија пред недела дена и како што кажа министерот одела редовно на работа откако се вратила, со што не ги почитувала препораките на надлежните.
Можно е одделот на клиниката за кожни болести да биде целосно затворен.
Состојбата на првата заболена е целосно стабилизирана и во текот на денот ќе се знае дали ќе биде испуштена од Инфектиивната клиника.