Филипче: Може да заболат и 2.000 луѓе, пикот за еден месец

Добивај вести на Viber

Епидемијата на заболувањето Ковид-19 е во силен ек, а секоја епидемија има тек, односно почеток, па акцелерација, па пик и понатаму намалување. Согласно ова, ние очекуваме бројот на заболени да се зголемува, рече на прес конферецијата пред малку министерот за здравство Венко Филипче.

Рече дека е можно да имаме 2.000 заболени, а пикот да биде за еден месец од сега.

Рече дека сега е најважно да се спречи локалната трансмисија. Моментно има 26 заболени, а тројца се нови од денеска.

„Останете дома - не контактирајте со луѓе - не се задржувајте во маркетите и одржувајте лична хигиена. Се надевам пикот нема да е остар, рече Филипче.

Денеска беа тестирани дестмина а позитивни се тројца. Филипче рече дека имаат солидни капацитети.