„Флекс кредит“ на престижната регионална конференција „Microbalkans 2024“ во Сараево

Добивај вести на Viber

Претставници на финансиското друштво „Флекс кредит“ предводени од Горан Арсов, косопственик и Јоана Спасовска, генерална директорка, присуствуваат на престижната регионална конференција „Microbalkans 2024“ која денеска и утре се одржува во Сараево, Босна и Херцеговина. Конференцијата која ја организира Асоцијацијата на микрокредитни организации на БиХ (AMFI), а со поддршка на Европската Унија, на едно место ги собира клучните и најрелевантни претставници на финансиските и микрофинансиските институции во регионот, но и регулаторите, експерти за дигитална трансформација, правници. 

 Од земјава покрај Групацијата на небанкарски финансиски друштва при Стопанската комора, во која е и „Флекс кредит“, во Сараево присуствуваат и претставници од Министерството за финансии и од Народната банка. „Флекс кредит“, како значаен чинител на пазарот на финансиски друштва во земјава, и таму ќе даде свој активен придонес во дебатата, која секако треба да води до решавање на сите предизвици и идниот развој на оваа индустрија. 

Соработката меѓу сите чинители на финансискиот пазар е исклучително важна и тоа за „Флекс кредит“ е еден од приоритетите во работењето. 

 Денешниот, прв ден од конференцијата го отвора Јасмина Селимовиќ, гувернерка на Централна банка на Босна и Херцеговина, а по воведните обраќања, на првиот панел „Дигитализација во микрофинансискиот сектор“ ќе учествува и Радмила Бјељац, извршен директор на „Флекс кредит“ од Босна и Херцеговина. Во таа земја, овој бренд има исклучителни резултати. 

 Меѓу клучните теми на конференцијата се и: процесот на вклученост на жените во финансиските системи, воведувањето на ЕСГ-стандардите во микрокредитниот сектор и регулаторните рамки. 

 Целта на конференцијата е да се даде придонес во градењето на имиџот  на микрофинансиските институции, како носители на социјална одговорност и поддржувачи на одржливиот развој, воедно создавајќи услови за подобрување на финансиската инклузија и економскиот развој на регионот. „Флекс кредит“ низ годините се наметна како лидер во делот на оваа групација, воведувајќи нови методи и стандарди за професионално работење. Како одговорна компанија, "Флекс кредит" започнува и со низа проекти  значајни за општеството, како и за јакнење на свеста  кај граѓаните за регулативата и заштитата на личните податоци.   

ПР објава