Фондацијата „Трајче Мукаетов“ го објави конкурсот за стипендирање

Добивај вести на Viber

Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје во насока на реализирање на своите програмски определби, а врз основа на правилникот за критериумите, постапката и користењето на средствата на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје за стипендирање на студенти од Фармацевтскиот факултет според програмата за работа на фондацијата за 2024 година и одлуката на управниот одбор на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје бр. 02-26/1 усвоена на ден 30.10.2024 година објавува

КОНКУРС

За стипендирање на 20 студенти по фармација

1.   УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈАТА

·  Кандидатите да се редовни студенти на Факултетот по фармација на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ - Скопје во трета или четврта година од студии

·  Во текот на студиите да постигнале најмалку 7,5 просечен успех

·  Да не повторувале година во текот на студирањето

2.   ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

·  Молба

·  Кратко CV

·  Уверение за положени испити и постигнат успех

3.   НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ 

Кандидатите потребните документи да ги достават на адреса:
Фондација „Трајче Мукаетов“ – Скопје
Булевар „Александар Македонски“ бр.121000 Скопје
Документите се поднесуваат од 01.11.2024 година до 18.11.2024 година исклучиво по пошта.

4.   ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈА

Ќе се стипендираат 20 студенти од трета година и четврта година Фармацевтски факултет.
Висината на стипендијата ќе изнесува 7.000,00 денари месечно (нетто износ).

Документите на кандидатите кои се некомплетни и неблаговремено доставени нема да се разгледуваат.
За резултатите од Конкурсот кандидатите ќе бидат известени на домашна адреса и преку дневниот печат.

Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје во насока на реализирање на своите програмски определби, а врз основа на правилникот за критериумите, постапката и користењето на средствата на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје за стипендирање на студенти од Медицинскиот факултет според програмата за работа на фондацијата за 2024 година и одлуката на управниот одбор на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје бр. 02-28/1 усвоена на ден 30.10.2024 година објавува

КОНКУРС
За стипендирање на 20 студенти по медицина

1.   УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈАТА

·  Кандидатите да се редовни студенти на Факултетот по медицина на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ - Скопје во трета или четврта година од студии

·  Во текот на студиите да постигнале најмалку 7,5 просечен успех

·  Да не повторувале година во текот на студирањето

2.   ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

·  Молба

·  Кратко CV

·  Уверение за положени испити и постигнат успех

3.   НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ 

Кандидатите потребните документи да ги достават на адреса:
Фондација „Трајче Мукаетов“ – Скопје
Булевар „Александар Македонски“ бр.121000 Скопје
Документите се поднесуваат од 01.11.2024 година до 18.11.2024 година исклучиво по пошта.

4.   ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈА

Ќе се стипендираат 20 студенти од трета година и четврта година Медицински факултет. 

ПР објава