Дарко и Ивана со љубовна математика за годишнина од брак: „Се познаваме 16 години, 13 години во љубовна врска, 8 како сопруг и сопруга, 2 прекрасни дечиња“
„Кога ќе стапите во брак, единственото прашање кое треба да си го поставите гласи: Дали ќе можам со оваа личност да зборувам кога ќе бидам стар и изнемоштен? Сите останати работи во бракот се минливи“, во оваа мудра мисла навистина има голема вистина.
Заедничкиот живот се темели на љубов, разбирање, почитување и доверба, веруваме дека цели 8 години и брачниот живот на Дарко и Ивана се темели на овие вредности.
Пејачот Дарко Илиевски и неговата сопруга Ивана кои неколку години живеат на Флорида слават 8 години брак.
„Се познаваме 16 години, 13 години во љубовна врска, 8 како сопруг и сопруга, 2 прекрасни дечиња и она што можам да го кажам e засекогаш да бидеме заедно. Благословени“, напиша Ивана во објавата.
Минатиот месец Дарко објави фотографија од романтичното запросување на Ивана во Охрид на Канео.
„Пред 8 години клекнав на едно колено за да запросам … и сè уште чекам моето колено целосно да се опорави“, напиша пејачот во објавата.
Парот го има синот Матео и оваа година ја добија ќерката Ана Ирена.
Фото: ИнстаграмРЖМ