Актуелно // Insta вести
Игор Џамбазов ја напушти земјава: „Ми фали Ферхунде, а по малку и вие, чувајте ми ја Македонија“
Македонскиот водител, шоумен, актер и музичар Игро Џамбазов си замина од Македонија. Но, привремено.
Заедно со Гуру Харе во моментов престојуваат во Канада каде во сабота ќе одржат концерт за македонските иселеници.
Џамбазов како и секогаш се пошегува на своја сметка, па кажа кој најмногу му недостасува од родната грутка.
„Конечно стигнавме. Преку океанот. Еве сме со нашите домаќини.
Со нив како да сме дома. Во сабота е концертот. Денес Гуру Харе си одбра гитара и појачало. Јас си купив ново укулеле. Утре ни е првата проба со бендот. Салата е распродадена. Тоа е народе. Сè е под контрола. Само што ми фали Ферхунде. А по малку и вие … Чувајте ми ја Македонија, барем до понеделник. Во вторник се враќам…“, напиша Игор.
Фото: Инстаграм
РЖМ