На тетка ѝ цела: Едина Муса ја покажа внуката-погледнете колку пораснала Луана

Добивај вести на Viber

Македонската кошаркарка и фитнес модел Едина Муса е горда тетка.

Таа објави фотографија од внуката од сестра ѝ, Луана која како што забележуваме пораснала во девојче.

Иста на тетка ѝ - напиша Едина на Инстаграм покрај фотографијата од која може да се забележи дека малата Луана има ист став како тетка ѝ.

 

Кога се роди Луана, во 2018 година, Едина беше најсреќна тетка, а не за бадијала се рекло дека тетките се втори мајки.

Уште тогаш убавата кошаркарка кажуваше дека е пресреќна што е тетка и дека тетките најмногу се сакаат.

Едина Муса наскоро ќе се оствари во улогата на мајка за прв пат.


ФОТО: Инстаграм