Фолкерките блеснаа на „Роса фест“: Гавазова, Анета, Стојне и Благица Павловска, четирите грации дотерани и модерни

Добивај вести на Viber

Истакнатите македонските фолк-пејачки вчеравечер беа дел од фестивалот за народна музика „Фолк фест Роса“.

Сузана Гавазова, Анета Љумановска, Стојне Николова и Благица Павловска настапија на овогодинашното издание на Роса фестивалот.

Секоја во свој стил, Гавазова одбра бел долг фустан со гола половина, Анета одела на сигурна црна комбинација, младата Стојне Николова во фустан со шеќер боја, додека единствената Благица Павловска во долг син фустан.

Фестивалот беше од ревијален карактер, на кој беа доделени 3 награди за животно дело.Годинава наградени беа Цветанка Ласкова, Орце Зафировски и постхумно – Тодор Трајчевски.

Фото: Инстаграм