Формите на водата во палетата од бои на Huawei P40 Pro

Добивај вести на Viber

Смартфоните на HUAWEI отсекогаш се одликувале со оригинална шема на бои, а дизајнот и палетата на P сериите го откриваат својот фокус кон повеќе уметнички аспекти. Huawei P20 ќе биде запаметен по неговото смело претставување на Twilight, а Huawei P30 по неверојатните Breathing Crystal, Aurora, и Amber Sunrise. Сите тие се инспирирани од динамични природни феномени.

Природата останува главната муза за естетиката на Huawei P40 Pro. Веќе е достапен во Северна Македонија во три бои, совршено комбинирајќи го класичниот стил со модерното толкување - Ice White, Silver Frost и Black.

Дизајнот на моделот е уникатен. Неговиот дисплеј потсетува на прелевање на површината на водата од сите страни, а убавината на водата во нејзините различни форми во природата и во урбаната средина ја продолжува темата со боите на телото на моделот. Водата се менува од течност во мраз и магла, а играта со светлина во сите нејзини состојби не е ништо помалку од уникатна. Со прилагодување на нијансите, заситеноста и светлината на боите, се добива неверојатна динамика на чиста боја, со влијателни светлосни нијанси, оптичка длабочина и различна текстура.

Затоа Ice White изгледа како импресивен глечер од скандинавските земји, 

а Silver Frost го пренесува специфичното чувство на заледена метропола рано наутро. Сребрената обвивка е изработена од ламинирано замрзнато стакло за да се постигне нов, модерен, металик изглед. 

Црната, од друга страна, е безвременска класика и го нагласува дизајнот на самиот телефон - мазна и чиста, едноставно совршенство.

За Huawei Consumer Business Group

Производите и услугите на Huawei се достапни во повеќе од 170 земји и ги користат 1/3 од светското население. Компанијата има 14 истражувачки центри во САД, Германија, Шведска, Русија, Индија и Кина. Huawei Consumer BG е една од трите деловни единици на компанијата и е активна во областа на мобилни телефони, компјутери и таблети, преносни и софтверски уреди и сл. Глобалната мрежа на Huawei е изградена со скоро 32 години искуство во телекомуникациската индустрија, а целта е да се испорачаат најновите технолошки иновации на потрошувачите ширум светот.

За повеќе информации: https://consumer.huawei.com/mk/

За најновите информации во врска со Huawei Consumer Business Group, следете нè на:

Facebook: facebook.com/HuaweimobileMK/

Twitter: twitter.com/huaweimobilemk