(ФОТО)- НЕ МОЖЕВ ДА ГИ ОДВОЈАМ ДЕЦАТА ОД ЖИРАФИТЕ: Ребека со близнаците во Зоолошка

Добивај вести на Viber

Пејачката Ребека со близнаците Доротеј и Макариј ги посети жирафите во скопската Зоолошка градина. Познатата пејачка и претседател на здружението „Дајте ни крилја“ се приклучува во кампањата "За здрави и среќни животни".

Синовите на Ребека, кои наскоро ќе наполнат пет години, ужива ранејќи ги Каспер, Флопи и Тобого.

Доротеј и Макариј наскоро ќе наполнат пет години.- со Ребека во Зоолошка

„Децата беа воодушевени. Два ипол часа останавме во  Зоолошка, едвај си заминавме дома. Жирафите им се хит, а го видовме и мајмунчето Лука. Тина и Војо, како и директорот беа одлични домаќини. Многу ми е мило што разговаравме за соработка, за нови работилници, за децата со попреченост“, ни изјави Ребека. 

Викендов, од Зоолошка најавуваат забавни содржини за најмладите, по повод почетокот на новата училишна година. 

Утре, (сабота) од 12 со 14 часот, секое детенце ќе добие по еден подарок од најпознатиот бренд на лижавчиња, а маскотата кенгур ќе дели слатки. 

„Orange kids club” подготвува „Back to school” забава каде ќе ги анимира најмладите посетители со бесплатен курс по танц, караоке, кловн и принцези, ваучери со попусти и уште многу интересни содржини.  Во недела, со почеток во 12 ќе се одигра детската претстава „Принцот жаба“ во изведба на театарот „Крик“. Влезот за театарската претстава е бесплатен и ќе може да ја погледнат сите посетители во Зоолошката. 

Од Зоолошка градина Скопје велат дека ова лето бележат рекорди во посетеност. Неделно има и по 11. 000 посетители, што е двојно повеќе од минатото лето. (М.Џ.)