(ФОТО)- Памела Андерсон „на море“ во Париз: Оргигинална ревија на „Шанел“

Добивај вести на Viber

Љубителите на модата се воодушевени, откако модната куќа „Шанел“ се сети на оригинална идеја. Таа го претвори Гран Пале во морски брег за своето дефиле на Модната недела во Париз.

Лани нè воодушеви „маѓепсаната шума“ на „Шанел“, а оваа година среде Париз Лагерфелд создаде песочна плажа сосе бранови по кои весело трчаа босоногите модели.

„Карл Лагерфелд повторно ги надмина сите наши очекувања. Ја претстави новата колекција на импровизираната плажа среде Париз и ги занеми сите“, коментираат модните критичари. 

Ако светот по нешто ќе се сеќава на Карл Лагерфелд тогаш тоа дефинитивно е твидот и – продукцијата. Лагерфелд својата колекција за „Шанел“ за сезоната пролет/лето 2019 година одлучи да ѝ прикаже на модната публика во парискиот Гран Пале во кој направи романтична летна атмосфера. 

Ревијата ја следеа многубројни светски ѕвезди, меѓу кои беа уредничката на „Вог“ Ана Винтур, француската актерка и пејачка Ванеса Паради, холивудската актерка Памела Андерсон. По шоуто, Памела Андерсон се натопи во париското море.

Колекцијата,  Лагерфелд ја замисли како омаж на француското крајбрежје, а ревијата како и лани ја отвори младата манекенка Каја Гербер, ќерка на топмоделот Синди Крафорд. Манекенката во подем ги наводени нозете додека дефилираше со снежнобела кошула, црни фармерки и појас со логото на „Шанел“.

Фото: Профимедиа