(ФОТО) Аферите на Трамп од минатото не допираат до Меланија: Таа со елеганција и насмевка ги крие емоциите

Добивај вести на Viber

Во текот на врачувањето меѓународни награди за храброст кои им се врачени на воените волонтерки и хуманитарки Меланија Трамп не ја тргна насмевката од лице, и тоа само еден ден откако Плејбој зајачицата, Карен Мекдуал јавно и се извини на поради тоа што спиела со нејзиниот сопруг.

47 годишната дама можеби не изгледала среќно поради бројните неверства на американскиот претседател Доналд Трамп во време кога била бремена со синот Барон, но едно е сигурно нејзиниот пролетен стајлинг ги воодушеви сите. Убавата Словенка заблеска во нежнорозев костум со потпис на модната куќа Емилио Пучи, чија цена е вртоглави 4 200 долари.

Совршено исфенирана и нашминкана Меланија го усогласила дизајнерскиот костум со жар жолта маичка, која како и розовата боја е нетипичен избор за првата дама. Изгледа дека убавата Меланија валканите дамки од минатото одлучила да ги маскира со примерно владеење, насмевки и уште поубави модни комбинации.

Елегантниот стајлинг убавицата го дополнила со беж чевли со потпис на нејзиниот омилен дизајнер, Кристијан Лоуботин, кои одлично и стојат со остатокот на изгледот. Како и обично, поранешната манекенка се држела до минимализмот кога се во прашање модните додатоци, па и овој пат го прескокнала накитот.

Меланија во свеото обраќање на жените изјавила дека „храброста е она што ги разликува хероите од останатите луѓе“, додавајќи дека храброста е квалитет кој на светот му е најпотребен и дека најчесто тешко се наоѓа.