(ФОТО) Бадникова вечера: Кај кого се падна паричката кај познатите Македонци?

Добивај вести на Viber

Бадниковата вечера е настанот кој си собира најблиските на едно купче. Секако борбата е кај кого ќе се падне паричката, односно на кого новата година ќе му биде најсреќна.

Оваа година се чини дека најмногу среќа имаа најмалите во семејството.

Кај Тамара Тодевска, најсреќна беше Хана.

Во семејството на Димитар Атанасовски и Сара Мејс, паричката беше кај Илина.

Кај Живкица. паричката се падна кај ќерката Ана.

Кај Борко Ристовски, најсреќен беше малиот Душан.

Весна Бејби откри дека во нивното семејство оваа година е година на Мина.

Кај новинарката Снежана Лупевска Созен, паричката се падна кај синот Микаил.

Кај Вера Мештеровиќ среќичката беше за синот.

Дарко Илиевски пак се пофали дека паричката оваа година е кај сопругата.

Елена Стефановска ја очекува среќна и берикетна година, со оглед на тоа дека паричката е кај неа.

Премиерот Зоран Заев е исто така најсреќен во своето семејство.

Водителката Анастасиа објави дека оваа година паричето ќе заврши во рацете на малечката Дениција.

Кај Миа паричката е во Господ, а таа си посакува да ѝ донесе здравје за најблиските.

Стефан Филиповски од „Некст Тајм“ објави дека оваа година паричката е негова среќа.