(ФОТО) Беа секс-симболи во 90-тите: Еве како денес изгледаат фаталните чуварки на плажа

За нив лудуваа мажите додека ги гледаа во култната ТВ-серија „Чувари на плажа“ која го обележа детството на многу генерации.  Американската серија со Дејвид Хаселхоф во главната улога во 90-тите беше една од најпопуларните која ги следеше животите на спасувачите на плажа.

Памела Андерсон е секако најпознатата русокоса и секс симбол кој тој статус го зачува и денес. Покрај неа, публиката ги обожаваше и црвенокосата Јасмин Блит (51) и русокосата Дона Дерико (51) . 

Јасмин пет сезони глумеше во серијата. Со продорните сини очи и атрактивно тело и предвидуваа сјајна кариера, ама ништо од тоа. Проблемите со дрогата и ја уништија кариерата и падна во заборав. Сега е непрепознатлива со вишок килограми. Иста и е само насмевката. 

Како атрактивна и фаталана русокоса ја паметиме и Дона Дерико . Беше 11 години во брак со музичарот Ник Сикс со кого има син и ќерка. Никогаш не криела дека зад сегашниот атрактивен и сочуван изглед стојат многу естетски операции. Сега со гордост истакнува дека е веган и активист за животни.