(ФОТО) Беше една од најзгодните пејачки на естрадата, а сега прави милиони во САД: Се сеќавате ли на Оливера Ѓоргоска?
Оливера Ѓоргоска ѝ е позната на македонската публика како згодната пејачка со моќен глас од музичкото шоу „Моја ѕвезда“, по неколку свои песни, а и настапи на музички фестивали.
Таа скоро 10 години живее и работи во САД, каде замина за музичко доусовршување, а од почетокот на годинава има и американско државјанство.
На музичко поле сега се пронаоѓа како поп опера пејачка, а нејзините изведби воодушевуваат. Оливера е професорка во Музичката академија во Лас Вегас, а неодамна потпиша соработка со мулти Греми продуцентот „RedOne“.
Во интервју за „Digital Journal“ изјави дека го нема видено своето семејство во Прилеп цели пет години и дека премногу ѝ недостасуваат и дека тие се нејзината најголема поддршка.
Низ своето успешно остварување на сонот во САД, Оливера има запознаено многу светски ѕвезди меѓу кои и нејзиниот идол Селин Дион, но и диџејот Стив Аоки.
Сепак Оливера има и една друга преокупација, а тоа е снимањето видеа кои имаат милионски прегледи на социјалните мрежи. Дел е од тимот на „JIBRIZY“ - момчето кое има 3 милиони следбеници на Фејсбук, 2.5 милиони следбеници на Тик Ток и половина милион на Инстаграм. Нивните заеднички видеа бројат дури и над 185 милиони прегледи.
Ѓоргоска одлично се снаоѓа во глумата, а за пофалба е и нејзиниот американски говор, по кој ретко би препознал дека станува збор за девојка од Македонија.
Р.Ж.М