(ФОТО) Беше мала како шише, а сега полни девет години: Ќерката на Дени прослави роденден
Ќерката на радио-водителката Дени Станоевска-Џидрова, Миа денеска полни девет години. Дени од „Антена 5“, еден од омилените радио гласови на слушателите, на својата Миа ѝ посака среќа со емотивен статус.
„Мојата уметничка душа Миа, денес полни 9 години. Ѝ посакувам да го следи својот животен пат што уште од сега го зацртала, а ние ќе ја следиме и ќе ја бодриме. Би сакала да остане своја, борбена и да продолжи да шири љубов и позитивна енергија. Гордост наша, те сакаат мама, тато и Максим“, напиша Дени на својот фејсбук профил.
Дени ja роди Миа во 2009 година, во 28 недела од бременоста. Миа се родила со 1250 грама.
„ Не можам да ви опишам. Беше како шише, многу мала. Кога ми ја ставија со методата кенгур тело на тело, не знам, бев многу среќна, измешани чувства“, изјави Дени лани на 17 ноември, светскиот ден на предвремено родените бебиња.
Миа е талентирарана за музика како мајка ѝ, која има завршено Музичка академија. Свири пијано и оди на меѓународни натпревари. Летово од натпревар во Италија се врати со освоено прво место. Дени и нејзниот сопруг го имаат и шестгодишниот син Максим.
М.Џаровска