(ФОТО) Биди претпазлива: Пензионерот Тони ѝ делеше совети на Андријана

Најпопуларниот хрватски пензионер со македонско потекло, Таљат Селмани (82), познат како Тони, ѝ делеше животни совети на нашата музичарка Андријана Јаневска. Андријана го сретна Тони во Загреб и се фотографираше со него. Пејачката, виолинист и професор на ФМУ ни рече дека Тони ѝ оставил впечаток на многу културен и љубезен човек.

„Кога му кажав дека сум од Македонија, ептен се израдува и ми рече: земјакињо моја! Ми раскажуваше за неговото потекло, за детството, како се оженил. Ме советуваше да не им верувам на сите луѓе, да бидам претпазлива“, ни напиша Андријана во пораката од Загреб.

Во Хрватска, таа е поради промоцијата на нејзината нова песна „Дај пољуби ме“, која ќе ја промовира утре на ХРТ, во Утринската програма „Добро јутро Хрватска“. 

„ Освен што ќе ја пеам новата песна во живо, ќе ја испеам и „Македонско девојче“, што особено ме радува“, додаде Андријана. Автор на музиката и на текстот за „Дај, пољуби ме“ е на M.M Willy, a аранжманот го направи Јосип Шукер. 

За потребите на нејзината промоција на хрватскиот пазар, Јаневска потпиша договор со „Хамар медиа“ од Загреб. Вели дека ѝ е драго што медиумите и соработниците од Хрватска ја претставуваат како уметник, а не само како пејачка. 

М.Џаровска

Фото: Ани и Дими, Фејсбук