(ФОТО) Биди среќен, само тоа се важи: Маркијан, синот на Ребека прослави роденден

Пејачката и претседател на здружението „Дајте ни крилја“, Ребека Јанковска - Ристески, во кругот на семејството го прослави 14 роденден на нејзиниот прв син Маркијан. Со многу прегратки, насмевки, балони и задолжителната торта семејството прослави.

Ребека, по тој повод на фејсбук сподели фотографии од домашната забава и напиша: „Те сакам таков како што си, среќен да си секогаш - Само тоа се важи, најсакан и најубав наш, Среќен роденден ѕвездичке наша“.


Таа во неколку наврати истакнала дека ноември ѝ е еден од омилените месеци, но исто така таа секогаш јавно зборува за предизвиците со кои се соочуваат лицата со посебни потреби. Пејачката во едно од нејзините интервјуа за Женски магазин сподели за потешкотиите со кои се соочуваат децата со нетипичен развој во време на пандемија од коронавирус и колку е важно и овие деца да бидат дел од физичката настава.


Фото: Фејсбук

Можеби ќе ве интересира:

МАРКИЈАН НИ УМИРАШЕ ПРЕД ОЧИ: Искрено со пејачката Ребека

Ребека: Маркијан ме научи дека невозможното е возможно