(ФОТО) Бојана Скендеровска со емотивна честитка за првиот роденден на ќерката Искра
Поп-пејачката и водителка Бојана Атанасовска, сега Скендеровски, ужива во мајчинството со ќерката Искра. Вчера на својот профил на Фејсбук објави емотивна честитка по повод првиот роденден на својата ќерка.
- И,после 365 дена исполнети со многу гушкање,безброј бакнежи,по некоја солза,милион прашања од типот “дали е гладна,доволно ли е покриена,диши ли додека спие,да не се удри некаде,зошто сега пак ќивна,има ли температура....” би си посакала да можам да го вратам филмот уште илјада пати назад,само уште еднаш да го доживеам моментот кога прв пат ги видов нејзините црни очиња...мојата Искра денес полни 1 годинка,мојата единствена инспирација да бидам подобар човек. Среќен роденден најмило! - напиша Бојана.
Бојана претходно за Женски Магазин раскажа дека мајчинството многу ја променило на подобро, а и дека Искра сака да пее и е многу музикална на неа.
-Мајчинството ме промени комплетно. Ме научи да заборавам на себичноста, ми покажа колку сум му потребна на едно мало суштество, кое е комплетно зависно од мене- раскажа тогаш пејачката.
Фото: Фејсбук профил на пејачката