(ФОТО) Брена највесела на забавата за внукот

Добивај вести на Viber

Во друштво на голем број пријатели и родини, Филип Живојиновиќ, синот на поранешниот тенисер Боба Живојиновиќ, сопругот на Лепа Брена, го славеше раѓањето на синот Александар.

Среќниот татко Филип облече интересна маица на забавата 

Неговата сопруга, пејачката Александра Пријовиќ се породи завчера во Белград, а синот се вика Александар. Филип ги воодушевил сите на веселбата со написот на маицата која ја носел: „На тебе животот ти даде сѐ“ и од другата страна „На нас животот ни даде сѐ“, и на тој начин покажал колку е среќен поради наследникот. 

Многу познати личности дошле на прославата, а еден од оние кои запеал и е Драган Којиќ-Кеба, свекорот на Северина. Покрај среќниот татко, највесели на свадбата биле бабата и дедото, Брена и Боба. 

Брена елегантна во друштво на пријателки 

“Добредојде. Ајде да се сакаме. Среќна жена“, напиша Лепа Брена на својот Инстаграм профил и објави фотографија од забавата во друштво на пријателки.