(ФОТО) ФРАНЦУСКИ И ШИК: БРИЖИТ МАКРОН во САД во стилот на Џеки Кенеди!
Лани во јули месец, Емануел и Брижит во Париз ги угостија американскиот претседател и првата дама на САД Донал и Меланија Трамп.
По нивното слетување во САД, на модните вљубеници веднаш им падна во око интересната комбинација која ја носеше првата дама на Франција.
Елегантната и секогаш модерна Брижит за оваа прилика се одлучила за посилна боја и тоа розе. Нејзиниот стил воглавно се состои од темни парчиња гардероба или пак бели. Секогаш ја гледаме во строго кроени сакоа и капути, како и фармерки и кожни панталони.
Овој пат избрала креација на францускиот бренд Луј Витон.
И тоа во пинк боја!
Таа често соработува со оваа модна куќа, која првата дама на Франција често ја облекува за свечени но и за оние лежерни прилики.
Капутот со дворедно закопчување ала Џеки Кенеди со црни копчиња, го споила со силна бела кошула со интересна јака. Црните панталони со пократки ногавици ги истакнале совршените чевли во иста боја. Совршен детаљ била и црната чанта со златни детали, но и темните наочари кои целиот изглед направија првата дама да изгледа шик.
Нема сомнение, Брижит Макрон оваа посета на Америка ќе ја направи интересна а ние се радуваме на следното појавување кое сигурно ќе биде сјајно како ова.