(ФОТО) Bvlgari Resort & Residences: Луксуз во Дубаи во кој би посакале да се најдете барем еден ден

Bvlgari Resort & Residences во Дубаи е еден од најлуксузните комплекси од овој тип во светот, како ултимативна експресија на стил и префинетост.

Се наоѓа на приватен остров, оддалечен 300 метри од брегот на Дубаи, целиот негов сјај и гламур. На овој вештачки рај, Sotheby’s International Realty со задоволство ќе ви продаде пентхаус кој окупира еден цел кат, под услов до него да стигнете први ако имате 16.337.645 долари.


Со површина од околу 1200 м2 чист луксуз, вклучувајќи и балкон со панорамнски поглед и приватен базен, овој раскошен пентхаус доаѓа со четири спални соби и пет купатила , и секако повеќе поволности отколку што на прв поглед може да ви паднат на ум.


Во целиот овој комплекс постојат вакви четири станбени единци, што оваа понуда ја прави неверојатно ретка. Преостанатите три единици се продадени пред да ја напишаме статијава, што и не ѐ толку изненадувачко.


Bvlgari Resort & Residences во Дубаи е едно од шестте места во светот каде можете целосно да потонете во Bvlgari Lifestyle и да уживате до максимум. Настанат како дело на Antonio Citterio Patricia Viel & Partners,  овој станбен проект ќе се погрижи за секој аспект од вашиот живот, со ентериери кои се финиширани само со највисок квалитет и исклучиво најквалитетни материјали.


Среќните сопственици на една од овие Bvlgari  резиденции секој ден од балкон ќе можат да уживаат во поглед на бујните зелени градини, како и беспрекорна плажа и море кои се распослани пред нив. Bvlgari Marina & Yacht Club практично ќе бидат пред вратите на овој комплекс, така да љубителите на наутиката ќе имаат повод за радост.