(ФОТО) ЧАНТИ пролет/лето 2018

Добивај вести на Viber

Чанти! Има ли нешто посимпатично од чантата, верниот сопатник на секоја жена?

Во неа често носиме се што ни е потребно и малку потребно, секако. Чантите можат да бидат со различна големина и облик, од класични до необични. Секоја сезона носи нешто ново во смисла на формата, бојата и начинот на носење, но некои драстични иновации нема.

Така и оваа сезона имаме прилика да видиме што е актуелен тренд. Накратко, тоа се провидни (транспарентни) чанти, чанти во облик на разни животни, чанти со големи димензии, куферчиња. Актуелни се и сите досега видени модели, украсени со реси, циркони, плетиво, цветови и раскошни копчиња.