(ФОТО) Дарко Илиевски ќе стане татко на Флорида

Добивај вести на Viber

Пејачот Дарко Илиевски кој веќе неколку години живее на Флорида, ќе стане таткo. Илиевски и неговата сопруга, Ивана објавија заедничка фотографија на која се гледа дека таа е во поодмината бременост. 

Со мала прослава меѓу најблиските, Дарко и Ивана се венчаа во Охрид во 2016 година. Сопругата на Илиевски е по потекло од Струга и живее со семејството на Флорида. Таа е ќерка на познатиот диџеј Славе Келешовски. 

„ Јас и Ивана бевме во врска пред осум години. Потоа – таа во Америка, јас тука, секој на различна страна и загубивме контакт. Последнава година почнавме повторно да комуницираме на Интернет. Ја обновивме љубовта кога дојде во Охрид. Ивана е вистинската, ја сакам, се разбираме, убаво ни е заедно. Направивме регистрација во Охрид, мала прослава само за најблиските, како што сакавме двајцата“, изјави Дарко по венчавката во 2016 година.

Илиевски откако замина во САД не е веќе активен на музичката сцена. Познат е по дуетот со ДНК „Едно тело“, „Бори се за неа“ , „Пепел“, во кој му гостува Магдалена Ена-Цветкоска. Автори на повеќето од неговите хитови се Лазар и Магдалена Цветкоски. Кариерата ја започна на бугарскиот музички натпревар „Идол“.