(ФОТО) Деа Ѓуровиќ со емотивна порака од болница: Храброста не е отсуство на страв

Добивај вести на Viber

Водителката Деа Ѓуровиќ, по тешката сообраќајна несреќа, се уште се наоѓа во Војномедицинската академија во Белград.

До сега таа имаше неколку интервенции на раката, а поради тежината на повредата се уште се наоѓа на интензивна нега.

-Научив дека храброста не е отсуство на страв, но дека е победа над него. Храбар човек не е оној кој не се чувствува исплашено, но оној кој ќе го надвладее тој страв- напиша популарната водителка под објавената фотографија со мајка си, на нејзиниот Инстаграм профил.

Со неа постојано се вереникот Младен Мијатовиќ и нејзината мајка Нена Додевски.