(ФОТО) Димитар Андоновски слави роденден и годишнина од брак: Дај Боже да си славиме уште 100 години

Пејачот Димитар Андоновски денеска прослави роденден во друштво на своето семејство, сопругата и синот.

Имено битолчанецот полни 35 години, но и слави 5 години брак со Христина.

- Ни фалеше една свеќа со број 5 ама ете Михаил си се снајде со рачето. Му благодарам на Бог што го имам ова дете, и што можам да му се радувам во секој ден од мојот живот и ѝ благодарам на жена ми Христина Андоновски што ме трпи овие 5 години. Денес славам дупла радост и роденден и 5 годишнина од нашиот брак и дај Боже да си славиме уште 100 години. Ви благодарам вас драги пријатели што се сетивте на мене и ми го разубавивте роденденот! Да ми сте здрави и живи - напиша тој под фотографиите со синот и роденденската торта.