Актерот Дритон Вејсели ќе навива за нашата евровизиска претставничка Тамара Тодевска од Турција. Дритон се релаксира во хотелот „Crystal Palace Luxury Resort & Spa“ во Сиде, Анталија.
Тој е дел од инфо турата на туристичката агенција "Фибула" која опфаќа повеќе луксузни хотели во Анталија.
- Од едно вакво, убаво место ѝ ја посакувам целата среќа на Тамара вечерва во Тел Авив. Имавме одлична соработка и дружење додека беше гостинка во една епизода на „Преспав“ - ни изјави популарниот актер кој се прослави со улогата на Талат.
Дритон во Сиде ужива во дружбата со македонската група, но и во локалните специјалитети.
М.Џ.
Фото: Г.Бошковски