(ФОТО) ДВЕ ПРВИ ДАМИ, ДВЕТЕ ВО БЕЛО: Меланија Трамп и Брижит Макрон во неодоливи комбинации
Првата дама на САД Меланија Трамп целосно го украде вниманието и уште еднаш го засени својот сопруг. Сите очи беа вперени во неа поради големиот бел "Hervé Pierre" шешир.
Белата и е омилена боја на првата дама на САД , а потписот на Мајкл Корс беше и на комбинацијата блејзер и сукња кои ги носеше Меланија. Целосно во бело беше облечена и првата дама на Франција Брижит Макрон.
Емануел Макрон џентлментски ги бакна нивните раце. По неговиот и говорот на Трамп сите заедно ги поздравија насобраните луѓе од балконот во Белата куќа.
Првите дами подоцна без своите сопрузи отишле во Националната уметничка галерија и разгледуваа изложба на фотографии од францускиот пост импресионист Пол Сезен.
Модниот двобој на двете први дами почнува кога претседателските парови го посетија историскиот дом на првиот американски претседател Џорџ Вашингтон.