(ФОТО) Џенифер Лопез без грам шминка: Пејачката во целосно природно издание

Пејачката и актерка Џенифер Лопез објави своја фотографија на која е целосно неуредна - без грам шминка, со пунџа, во бањарка.

Џеј Ло дефинитивно не престанува да ги радува своите обожаватели. Откако неодамна беше фотографирана потполно гола, таа сега се одлучи за нешто сосема друго, па застана опуштено пред камерата и покажа како изгледа во бањарка, без шминка, со разбушавена коса врзана во пунџа.

Таа објави нефилтрирана фотографија на својот Инстаграм профил, на која ги гушка своите близнаци Ема и Макс.

„Драго ми е што тие сè уште сакаат да седат во скутот на нивната мајка“, напиша пејачката под фотографијата.


Бројни придружници веднаш го пофалија нејзиниот изглед, и и рекоа дека изгледа убаво и дека воопшто не и треба шминка.


Фото: Инстаграм

Можеби ќе ве интересира:

(ФОТО) Моден трик: Џенифер Лопез во панталони кои кријат килограми