Моден фокус // Трендови
(ФОТО) Џенифер Лопез во уникатна креација на Zuhair Murad со длабоко деколте
Пејачката Џенифер Лопез беше главна ѕвезда на прославата "Time 100 Gala" во Њујорк завчера, со впечатлив и атрактивен стајлинг успеа да предизвика огромно внимание на сите присутни.
Во светликаво сребрено-златна, провокативна тоалета со потпис на Zuhair Murad прошета како вистинска дива на црвениот тепих.
Длабокото деколте им падна во очи на сите, а длабокиот израз од страна ги истакна нејзините затегнати нозе.
48-годишната пејачка е толку згодна што уште на таквата форма на изглед можат да и позавидат и многу помлади колешки.