Моден фокус // Трендови
(ФОТО) ЕДИНСТВЕНА СУКЊА КОЈА ЌЕ ВИ ТРЕБА ОВАА ПРОЛЕТ: Ги урна сите стандарди
Како што почна, главен моден хит во 2018-та дефинитивно ќе биде каро дезенот!
Карирани панталони во сите нијанси на сиво веќе се прогласени за топ модел на панталони за пролетта, а сега на овој тренд му се придружува и карираното здолниште, кое ќе биде неизбежно парче во плакарот на дамите со стил.
Стандарди кај оваа сукња не постојат - кроевите ќе бидат различни, како и должината и боите, а најдоброто кај овој модел е што е практичен и може да се носи во дневни но и во вечерни варијанти.
Одлично се комбинира со штикли, но и со рамни чевли, па трендсетерките на Инстаграм веќе ја обожаваат.
Подолу погледнете некои од најубавите модни комбинации, во кои карираната сукња е главна ѕвезда.