(ФОТО) Едноделен костим кој мора да го имате: Сара Џесика Паркер на 55 години изгледа одлично

Добивај вести на Viber

Сара Џесика Паркер носи многу етикети - од талентирана актерка, преку иконската улога на Кери во „Сексот и градот“ до модна икона. Нејзините обожаватели понекогаш забораваат и дека е и среќна сопруга и мајка.

Иако пред години таа и нејзиниот сопруг Метју Бродрик претрпеа криза во нивниот брак, денес тие се повеќе од среќни заедно и уживаат со своите три деца.

Наидовме на љубопитни фотографии од папараците на кои Сара сјае во друштво на нејзиниот сопруг на плажа. Таа изгледа повеќе од добро за нејзината возраст.

Актерката одела на балет уште од дете и до денес признава дека се грижи за својата добра форма практикувајќи јога и други активности.

Кога го сакаш своето тело, физички си редовно активен и го ставаш здравјето на прво место, едноставно не може не изгледаш добро. Овие фотографии го докажуваат тоа:




Актерката парадира на песокот во стилски црн костим за капење. премногу ни се допадна овој чист класичен модел и затоа ви предлагаме неколку модели кои можете да ги имате и вие.

Од брендот Woman’s secret од групацијата Fashion group ви предлагаме црн костим за капење на едно рамо кој е на 20 % попуст и може да биде ваш за само 2.719 денари.

Доколу повеќе сакате костимот за капење да биде едноделен, тогаш ви предлагаме да го погледнете моделот од брендот Woman’s secret кој може да биде ваш за 2.399 денари.

Црниот костим за капење никогаш не излегува од мода, но доколку сакате да бидете уникатни и елегантни тогаш може да се потпрете на моделот од брендот SUPER DRY и тоа само за 3.990 денари.


Фото: Getty/Gulliver

Модната икона-Кралицата Летиција доминантна во Манго