Животна училница // Приказни
(ФОТО) ЕДВАЈ СЕ ВОЗДРЖАВ ДА НЕ ЗАПЛАЧАМ: Синот на Миа Костова е прваче
- 03 Септември, 2018
Водителката Миа Костова, го испрати својот син Андрија во прво одделение. Миа вели дека е многу горда на својот син и едвај се воздржала да не ги покаже емоциите.
„Андрија е прилично смирен, и иако е помалку збунет будно ја следи претставата. Јас во два-три наврати се собирав од плачење, но сум пресреќна кога го гледам здрав и среќен. И нека остане таков“, ни изјави Миа.
Андрија, за кој таа често вели дека „светот би го превртела наопаку“ во јуни и наполни шест години. Во претходно интервју, таа изјави дека е строга мајка, и е горда на односот што го има со синот.
(М.Џ.)