Моден фокус // Трендови
(ФОТО) Фустан поради кој сите ќе гледаат во вас: Најпопуларен стајлинг за празничната сезона
Оваа сезона малку подзаборавате на малиот црн фустан (иако е класика која никогаш нема да излезе од мода), бидејќи фустаните од 80-тите се нов моден тренд!
Моделите од осумдесеттите години се вратија на голема врата, а карактеристичните надуени ракави ги прават најпопуларни фустани за претстојниот празничен период.
Ова парче кај многу дами ја крева самодовербата, и е одличен избор кога сакате да се покажете во најдобро светло.
За ваков фустан без двоумење се одлучија и многу познати ѕвезди, меѓу кои Розга и Ријана.
Фустанот може да се најде во различни бои и дезени, но за каков и да се одлучите, без сомнеж ќе бидете ѕвездата на вечерта.