(ФОТО) Ги паметиме како Касандра и Жаде: Како изгледаат после 20 години
Експанзијата на латино-американските серии во Македонија почна во 1997-1998 година, а најпопуларни меѓу нив, секако беа „Касандра“ и „Жаде“.
Убавата актерка Кораима Торес во улогата на Касандра ги освои срцата на гледачите.
Врв на популарноста беше кога Касандра во серијата заврши во затвор, па во некои земји на поранешна Југославија луѓето пишуваа петиција да се ослободи. Се продаваа и албуми со сликички со ликовите на Касандра, Ранду, Луи Давид, Доринда...
Денес, Касандра има 47 години. Таа се уште игра во теленовелитe. Од Венецуела, се пресели во Богота, Колумбија. Се омажи за актерот Николас Монтеро и го имаат синот Ману Нико.
*Со синот Ману
Кораима изгледа неверојатно добро во нејзината пета деценија. Како воопшто да не се променила.
Актерка Џована Антонели е позната како една од најубавите и најтелентирани во Бразил.
Нам ни е позната од улогата Жаде во серијата „Клон“. Токму со главниот актер од серијата доби син, но љубовта не им траеше долго. Актерката има и близначки Антонија и Софија со Леонардо Ногуера.
Џована сега има 44 години, се уште е преубавата Жаде која сите ја паметиме.