Моден фокус // Трендови
(ФОТО) ГИ УРИВА ПРОТОКОЛИТЕ: Брижит Макрон во краток фустан во стилот на 60-тите
Брижит Макрон со својот сопруг неодамна беше домаќинка и ги дочека Војводата и Војвотката од Луксембур во Елисејската палата.
Таа тогаш, храбро продолжи да го урива протоколот и така важните гости ги дочека во мини фустан во сина боја. Фустанот е во стилот на 60-тите.
Брижит го искомбинирала со елегантни чевли од преобрната кожа во иста боја, додека со широк црн ремен ја истакна половината.
Иако во последно време косата ја носеше во пунџа, таа и се врати на фризурата во која се чувствува најдобро, а тоа е боб.
Шминката на очи ја следела бојата на целиот стајлинг , додека на усните првата француска дама ставила кармин во боја на кожата.