(ФОТО) Го соблече хиџабот и облече мини здолниште: Арапската принцеза руши стеротипи
Саудиската принцеза
Дина Абдулазиз ал Сауд успеа да изгради сопствен живот и стана модна икона
Дина е мајка на три деца и стана принцеза кога се омажи за Фахад бин Насер бин Абдулазиз.
Цел живот негуваше силна страст кон модата и тоа ја доведе до уредничка позиција во списанието Вог Арабија, но не остана таму долго бидејќи не сакаше да прави компромис со издавач кој не ги разбира нејзините идеи.
Дина има своја модна линија, а во продавниците каде ги продава своите парчиња, клиентите исто така можат да најдат инспирација за промена на стилот.
- Жените во Саудиска Арабија се грижат за модата од доцните шеесетти и купуваат уникатни модни парчиња. Тие не зборуваат за тоа, не им го покажуваат на другите, не фотографираат затоа што се смета за вулгарно – изјави принцезата.
Нејзиниот уникатен моден стил ја одделува од другите жени кои се појавуваат во големите модни центри како Париз, Милано и Њујорк.
Нејзините стилски адути се кратка коса, мини фустани, ексцентрични аутфити и нагласена женственост.
Фото: Инстаграм/brightsidе
Можеби ќе ве интересира:
Дубаи ѝ го смени животот: Од хостеса до брак со богат Казахстанец