Дубаи ѝ го смени животот: Од хостеса до брак со богат Казахстанец
Иако не знаела руски а нејзиниот сегашен сопруг не
знаел англиски, тоа не ги спречи да се разберат на првиот состанок.
Инфлуенсерката Милица Полскаја привлекува големо
внимание со својот изглед на социјалните мрежи, но и со нејзиниот начин на
живот откако се омажи за богат Казахстанец, на кого вешто му го крие идентитетот.
Таа се пресели во Дубаи, како што и изјави, поради
работа како хостеса во клуб. Таму, таа се сретна со нејзиниот иден сопруг, кој
секој ден ја осипувал со внимание и скапи подароци, а нејзиниот живот целосно
се смени после бракот.
- Порано живеев и работев во Дубаи. Се запознавме во еден ноќен клуб. Првиот пат, не сакав да се запознам со него, затоа што два часа пред тоа, неговиот пријател дојде да се слика со мене. Тој беше огромен и дебел и кон крајот на вечерта тој испрати пријателка да ме запознае, а најпрво се таа се фотографираше со мене - изјави Милица во видео на нејзиниот Youtube канал.
- Другата вечер повторно го сретнав во истиот
клуб. Држеше две чаши шампањ и се смееше. Останав со него кратко време, затоа
што тој беше убав. Темен тен, бели заби, сини очи, тој имаше се. Му го дадов мојот
телефонски број по еден час разговор, а потоа малку танцувавме. Тој следниот
ден ме повика на состанок, само за да ми открие дека на пријателот му рекол:
„Таа ќе ми роди син“, додаде Милица.
Бидејќи таа не знаела руски, а тој многу малку
разбирал англиски на нивната првата средба едвај се разбрале.
- Дојде со огромен букет цвеќиња и голема виолетова кутија со слатки. Средбата траеше четири часа. Тој не знаеше англиски, јас не знаев руски едвај се разбравме. Разговаравме со рацете, нозете, како што знаевме во тоа време. Облеков непријатно високи чевли, па нозете ми крвареа. Се бакнавме дури на третата средба, а остатокот е историја - објасни инфлуенсерката.
Милица и нејзиниот сопруг имаат четири деца, Филип, Госа, Лава и Софија. Забележливо е дека таа има направено неколку естетски интервенции, а поради долгата, руса коса и нагласените атрибути, многумина ја споредуваат нејзината фигура со Барби.
Фото: Инстаграм
Српска манекенка омажена за шеик: Секако дека живеам во харем